Во рамки на предметот на работење, Друштвото врши исклучиво осигурително брокерски работи и тоа:
- Посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие на осигурениците;
- Посредување при реализација на оштетни побарувања по остварен осигурен штетен настан;
- Снимање на ризици;
- Снимање и процена на штети;
- Посредување при продажба на остатоци од осигурани оштетени предмети;
- Изготвува адекватна и конкретна анализа за ризикот и предлага соодветно осигурително покритие на осигуреникот;
- Го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување и го запознава осигуреникот со условите на полисите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија;
- Посредува во име на осигуреникот за склучување на договор за осигурување кој земајќи ги во предвид сите околности од значење на ризикот на поединечен случај, ќе му обезбеди на осигуреникот најсоодветно покритие;
- Проверување на содржинaта на полисите на осигурување;
- Укажување на помош во текот на важење на договорот за осигурување (полиса) како пред, така и по настанување на осигурениот настан а особено да обезбеди дека осигурeникот ги извршил сите правни дејствија во предвидените рокови кои се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување;
- Доколку осигурувањето односно реосигурувањето на некој ризик не може да се изврши во Република Северна Македонија, може да посредува при склучување на договори за осигурување со странски друштва за oсигурување.
Имајќи ја во предвид дејноста на Вашето друштво, сметаме дека нашето Осигурително брокерско друштво, во целост е подготвено да ги даде брокерските услуги од областа на осигурувањето по сите класи на осигурување на неживот и живот.
Друштвото, осигурително брокерски работи врши во следните класи на осигурување:
- Осигурување од последици на несреќен случај – незгода (вклучувајќи индустриски повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда;
- Здравствено осигурување кое не е покриено со задолжително здравствено осигурување;
- Осигурување на моторни возила (каско), кое ги покрива штетите за: моторни возила со сопствен погон освен шински и влечни патни возила;
- Осигурување на шински возила (каско), кое ги покрива штетите настанати на шински возила;
- Осигурување на воздухоплови (каско), кое ги покрива штетите настанати на воздухоплови;
- Осигурување на пловни објекти (каско) кое ги покрива штетите настанати на речни или езерски пловни објекти;
- Осигурување на стока во превоз (карго), кое ги покрива штетите или губиток на стока во превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот;
- Осигурување на имот од пожар и природни непогоди, кое ги покрива штетите или губењето на имот (освен штетите на имот од точките 3 до 7 на овој став) во случај на: пожар, експлозија, луња, природни непогоди освен луња и земјиште што тоне или се лизга;
- Други осигурувања на имот, кои ги покриваат штетите или губитокот на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 на овој став) поради град или мраз, и други штети освен оние од точката 8 на овој став 9 пример, во случај на кражба);
- Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;
- Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови, кое ги покрива штетите настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот;
- Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти кое ги покрива штетите настанати од употреба на пловни објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот;
- Општо осигурување од одговорност, кое го покрива осигурувањето од други одговорности освен оние од точките од 10 до 12 на овој став;
- Осигурување на кредити, кое покрива: ризик од неплаќање (ненавремено плаќање) поради неликвидност или други околности, извозни кредити и други ризици во врска со извозот, трговијата и инвестирањето на странски и домашен пазар, кредити со отплата на рати, хипотекарни и ломбардни кредити, земјоделски кредити и други кредити и заеми;
- Осигурување на гаранции, кое покрива и директно или индиректно гарантира за исполнување на обврските на должниците;
- Осигурување од финансиски загуби, кое ги покрива финсиските загуби кои се јавуваат како резултат на: ризик при вработување, недоволен приход (општо), временски неприлики, загубен приход, непредвидени општи трошоци, непредвидени трговски трошоци, загуба на пазарна вредност, загуба на рентата или приходот, индиректни трговски загуби освен оние наведени во предходните случаи, други финансиски загуби (освен трговски) и други видови на финасиски загуби;
- Осигурување на правна заштита кое ги покрива трошоците за правна помош и судски спорови;
- Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при патување или други случаи на отсуство од дома или од постојното место на живеење;
- Осигурување на живот, кое опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии и класа;
- Осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови, кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик во однос на промена на вредноста на инвестиционите купони или други хартии од вредност на инвестиционите фондови.