Ние – ИБИС ОСИГУРУВАЊЕ АД Струмица, сме осигурително брокерско друштво кое го сочинуваат лиценцирани, развојно ориентирани и високо мотивирани осигурителни брокери, кои на прво место секогаш го ставаат клиентот. Остваруваме побогата и посигурна иднина на нашите клиенти преку одговорна и стручна испорака на нашите услуги, потполна заштита на нивните интереси и управување со нивните предизвици. Ги согледуваме општествените промени, ги прифаќаме и ги имплементираме, создавајќи услуги кои брзо и едноставно ќе испорачаат задоволство кај клиентот.
Осигурително брокерско друштво ИБИС ОСИГУРУВАЊЕ АД Струмица е основано согласно Законот за супервизија на осигурување (Сл. Весник на РМ бр. 27/02…,198/18) со Решение за издавање на дозвола за вршење на осигурително брокерски работи бр. УП 19-1-639 од 27.08.2019 година на Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Северна Македонија. Друштвото е основано како акционерско друштво со едностепен систем на управување со Одбор на директори од 3 члена со Извршен директор. Друштвото работи во име и за сметка на клиентот, а провизија – брокеража наплаќа од осигурителното друштво кое ќе изврши осигурување на клиентот. Осигурително брокерско друштво ИБИС ОСИГУРУВАЊЕ АД Струмица во секој момент има склучено полиса за осигурување од професионална одговорност на износ од 250.000,00/500.000,00 евра.
Друштвото има склучено договори со повеќе од 10 осигурителни компании преку кои ги нуди сите видови на неживотно и животно осигурување достапно на нашиот пазар.
МИСИЈА: Со одговорна и стручна испорака на нашите услуги, потполна заштита на нашите клиенти и управување со нивните предизвици, остваруваме посигурна и побогата иднина за нашите клиенти. Ги согледуваме општествените промени, ги прифаќаме и ги имплементираме, создавајки услуги кои брзо и едноставно ќе испорачат сатисфакција кај клиентот.
ВИЗИЈА : Развој на нашата примарна дејност – осигурително брокерски работи, поддршка за развој на организациите и поддршка за индивидуален развој на поединецот, како дел од организацијата. Заштита која ќе значи стабилност и сигурност за нашите клиенти.
ЦЕЛ : Основна стратешка цел на Друштвото е континуирано подобрување и зголемување на деловниот резултат од основната дејност, максимална присутност на пазарот, креирање на развојно ориентирани и мотивирани вработени.
Нашите вредности се: Довербата, Одговорноста, Флексибилноста и Тимската работа.